| четврток, 6 декември 2018 |

Снежна бура: Како влијаат температурните разлики на организмот на човекот?

Наглите промени во времето влијаат на расположението на човекот, намалување на енергијата и работните способности. Поспани сме, имаме несоница и главоболка, сметаат лекарите.

За само две недели температурите од минис 10 се искачија на плус 17, а во следните денови се најавуваат температури повторно во минус. На разликата во температурата од скоро 30 степени поголемиот дел од населението реагираше со промени во здравјето.

Симптомите се поизразени кај постарите лица и хроничните болни.

Многумина сметаат дека метеопатијата е болест на модерното време.

Фактот дека во зима има помалку сонце е доволен луѓето да чувстуваат уморно и поспано и потешко да функионираат.

Релативното топло време во изминатите денови сега треба да се замени со студена зима чиј врв би требало да биде во вторник или среда, кога се најавуваат температури за минус 17.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top