| четврток, 6 декември 2018 |

Катар: Редици пред пумпите, цените на бензините отидоа во „небо“

Катар, земјата богата со нафта одлучи да ја зголеми цената на бензинот за една третина, објави државната нафтена компанија „Woqod“, во контекст на падот на цената на нафтата, што тешко ги погоди државните финансии. Неочекуваното поскапување стапи на сила во петокот на полноќ и веднаш предизвика редици на дел од пумпите во Катар, дознава агенцијата „Франс прес“.

Државната компанија го најави поскапувањето со меморандум што во четвртокот го упати до раководителите на бензинските станици. Цената на литар бензин „регулар“ се зголеми од еден на 1,30 катарски ријали.

Останатите производи поскапуваат уште повеќе, па така цената на „премиум“ бензин ќе порасне за 35 отсто, односно на 1,15 ријали.

Во летото 2015 година, Катар најави дека во 2016-та година за прв пат по 15 години ќе забележи буџетски дефицит поради падот на цената на енергентите. Според прогнозите објавени во декември, буџетскиот дефицит предизвикан од пониските цени на енергијата би требало да изнесува 12 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top