| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ против договорот во Пржино, преговорите пропаднаа

przino propadnati pregovori (5)

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев бара одложување на изборите кои треба да се одржат на 24-ти април. Mаратонското повеќечасовно преговарање во резиденцијата на ЕУ заврши без согласност за избори. Заев ги напушти преговорите, по што даде изјава дека нема да одат на избори, доколку, според нивните барања, не се прочисти избирачкиот список.

Преговорите пропаднаа. Ако изборите се одржат на 24 април, СДСМ нема да учествува, бидејќи нема време да се создадат услови за фер изборен натпревар, и нема време да биде прочистен Избирачкиот список и да биде регулирана состојбата во медиумите. Ние ќе продолжиме да се бориме за демократијата во Македонија, – рече Заев во изјавата до домашните медиуми кои повеќе часови чекаа пред резиденцијата на ЕУ во Скопје.

przino propadnati pregovori (18)

Со евентуален денешен договор требаше да се одржи во живот договорот од Пржино, a чија цел беше да ја извади земјава од ќорсокакот во кој се наоѓа подолг период. Но опозициската СДСМ децидно застана против овој договор и одлучи да не оди на избори на 24 април. Тоа практично значи продолжување на агонија и продолжување на неговото деструктивно сценарио со кое ја држи целата земја во заложништво.

Според информациите од Пржино ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА биле за избори на договорениот датум и трите партии предложиле уште многу предлози кои треба да обезбедат дополнителна сигурност во изборите, но Заев не прифатил.

Неофицијално, за датумот 24 април, како ден во кој треба да се одржат предвремените парламентарни избори во земјава, а кои се дел од договорот од Пржино постигнат ланската година, биле и странските медијатори, активно вклучени во процесот на преговори.

przino propadnati pregovori (20)

Како медијатори, заедно со Хан и овојпат на преговарачката маса беа белгискиот експерт Питер Ванхауте, американскиот амбасадор Џес Бејли, како и евроамбасадорот Аиво Орав.

Фото: Ѓ. Личовски (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top