Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот на саемот за туризам во Утрехт, Холандија кој се одржува од 13 до 17 јануари, ги промовира убавините на Македонија по шести пат.
Холандскиот пазар, кој важи за еден од попробиените туристички пазари, покажува огромен интерес за македонската култура, историја и природа, во конкуренција со 500 дестинации од светот.
Туи и Корендон, најголемите туроператори што носат холандски туристи во Македонија покажаа оптимизам за претстојната туристичка сезона, потенцирајќи ги неповолните гео-политички случувања во одредени делови од светот. Неодамна, откако белгискиот „Томас Кук“ беше во Македонија и склучи договори со македонските хотелиери, „Томас Кук“ – Холандија е следниот голем туроператор од холандскиот пазар, кој најавува влез во Македонија.
-Големо признание до Република Македонија како привлечна туристичка дестинација е најавата на“ANVR”-здружението на тур оператори на Холандија за одржување на овогодинешниот конгрес на најуспешните студенти по туризам од сите факултети и школи за туризам во Холандија. Конгресот секоја година се одржува во дестинација која е по избор на холандските туристички агенции и е оценета како најпривлечна. За време на конгресот кој ќе се одржи од 21 до 28 мај 2016 година во Охрид, холандските студенти ќе имаат прилика да разменат искуства и да се дружат со своите македонски колеги. Овој настан кој е во организација на најголемиот светски тур-оператор УТИ, ќе ја најави годинешнава туристичка сезонана голема врата во Холандија, изјави Игор Попов, амбасадор на Република Македонија во Холандија.
За време на саемот дискутирано е со дел од балканските земји за можното заедничко претставување на трети далечни пазари со идеа да може да се привлече поголем број на туристи од тие земји.
За време на овој глобален настан АППТ оствари состанок со гуруто на блогерската индустрија -Shane Dallas, кој е познат по неописливо брзото виртуелно вивнување работејќи на социјалните медиуми, блогот-thetravelcamel.com.
На штандот на Македонија за време на саемот во Холандија својата туристичка програма ја претставија македонскитехотелиери и туроператори „Охрид холидејс“ и „Бохемија“ и очекуваат успешна туристичка сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Тур-оператор од Италија ја прекинал соработката со групи од Македонија бидејќи средношколци вршеле нужда во собите
-
Нови студиски програми на англиски јазик на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (видео)