Во моментов во резиденцијата на Европската Унија во Пржино пристигна претседателот на владејачката партија и премиер на Македонија, Никола Груевски.
Тој во резиденцијата на ЕУ пристигна со заедно со Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, министерот за финансии Зоран Ставрески, министерот за надворешни работи Никола Попоски и шефот на кабинетот на премиерот Мартин Протуѓер.
Утринава еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ги започна поединечните билатерални средби со преговарачките тимови на најголемите политички партии во земјава- потписнички на Договорот од Пржино. Хан претходно оствари средба со лидерот на СДСМ – Зоран Заев, потпретседателката Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Хан: Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа!
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница