| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер: Крајот на шенгенот значи крај на еврото и поголема невработеност

јункер

-Во Европската унија ќе се зголеми стапката на невработеност доколку се распадне Шенген зоната – предупреди денеска претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

­ Шенген зоната е една од најголемите достигнувања на процесот на европски интеграции.

-Без шенген, без слободно движење на работниците, без слобода на европските граѓани да патуваат, еврото нема смисла – изјави Јункер на прес­конференција во Брисел.

Според него постои поврзаност на шенген зоната со слободата на движење и внатрешниот пазар.

-­ Ако некој сака да ја убие шенген зоната на крајот ќе го убие и заедничкиот пазар, а тоа ќе предизвика проблеми со невработеноста во Европа – наведе Јункер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top