| четврток, 6 декември 2018 |

Дури 76 проценти од Австријците сметаат дека треба да се затворат границите за бегалците

австрија

Првото истражување на јавносто мислење по нападите на жени за време на новогодишната ноќ во Германија и Австрија, покажува дека големо мнозинство Австријци сакаат да се сопре секаков понатамошен прием на бегалци, покажува истражувањето на виенски „Естерајх“.

Дури 76 проценти од Австријците сметаат дека треба да се затворат границите за бегалците, а 48 проценти истакнуваат дека треба веднаш да се прекине приемто бегалци. 28 отсто од испитаниците велат дека може да се пуштат во земјата уште само 20.000 нови азиланти.

Според претходните процени на австриските власти во оваа година треба да се очекува доаѓање околу 120.000 подносители на молби за добивање азил. Анкетата покажала дека 75 проценти од Австријците сметаат дека земјата е преоптеретена со бегалци, и дека нивниот број веќе не е поднослив.
Стравот од бегалците владее поради чувството на несигурност, на што укажува податокот дека 69 проценти од Австријците по нападите на жени во Келн очекуваат пораст на стапката на криминал поради азилантите. Дури 89 проценти очекуваат повеќе упади во станови и куќи, 83 проценти стравуваат од сексуални напади, а 69 проценти се плашат од терористички напади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top