| четврток, 6 декември 2018 |

Разгранок на Ал Каеда нападна мировна база во Сомалија

al shabaab

Екстремистичката организација Ал Шабаб, блиска до Ал Каеда, ја нападнала базата во која се сместени мировните сили на Африканската унија во југозападна Сомалија, јавија светските медиуми.

Во нападот што почнал утрово одекнувале експлозии и се слушале престрелки. Десетици вооружени борци на Ал Шабаб ја нападнале базата што ја водат безбедносни сили од Кенија, а кои се дел од силите на Африканската унија во градот Ел Аде, во близина на кениската граница.

Нападите ги почнале бомбаш-самоубијци, а потоа милитантите упаднале во базата и почнале да разменуваат оган со мировниците, соопштил претставник од кениската војска за АП.

Екстремистите тврдат дека убиле повеќе од 50 луѓе но за сега нема официјална потврда на информацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top