Кристијан де Бердоар, сопственикот на вилата во Мајами која некогаш му припаѓаше на на колумбискиот наркобос Пабло Ескобар, одлучи да ја сруши луксузната вила во потрага по злато и пари кои, како се вели, биле сокриени на имотот.
Тој куќата ја купил во 2014 година за 10 милиони долари, а очекува рушењето да трае две или три недели.
-Собрав тим на луѓе со детектори за метал и други уреди кои ги пребаруваат сите агли на куќата- вели де Бердоар, ианку сопственик на синџирот на ресторани „Чикен кичен“.
Ескобар ќе остане запаметен како најмоќен и најбогат криминалец кој во 1989 беше седми на листата на Форбс за најбогати луѓе во светот со имот проценет на 25 милијарди долари.
-кој знае што се ќе најдеме, пари, накит, злато, а можеби и тела- се пошегувал Де Бердоар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.