Преку Општина Струмица денеска ќе биде исплатен дел од надоместокот за штетите од поплавите на 23, 24 и 30 јануари 2015 година.
Според секретарот на Општина Кирил Парталов, со три милиони денари ќе бидат опфатени 52 барања, само за штети направени врз објектите за домување и покуќнината.
Во наредниот период исплата ќе има и за жителите на село Раборци за штетите предизвикани во 2010 година, со надомест за 15 отсто од штетите.
Општинската комисија за проценка на штети, пресмета дека ланските поплави од јануари предизвикаа штета од 60,8 милиони денари кај граѓаните, како и 34,7 милиони денари кај правните лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.