| четврток, 6 декември 2018 |

„Павел Шатев“: 73,7 отсто од граѓаните сакаат избори на 24 април

избориМакедонците сметаат дека изборите закажани за април годинава не треба да се одложат. Според резултатите од анкетата на Инситутот „Павел Шатев“ спроведена од 10 до 13 јануари, дури 73,7 отсто од испитаниците се изјасниле дека изборите треба да се одржат. Само 15 проценти имаат став дека тие треба да бидат одложени.

anketa1

Телефонска анкета е спроведена на 1.025 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани за тоа која од двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, подобро би се справила со одредени политички предизвици, ставот за предвремените избори во април 2016 и изборот на иден премиер на РМ.

На прашањето Доколку треба да изберете меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, која партија сметате дека повеќе или донекаде е посветена на исполнување на договорот од  Пржино и одржување на изборите во април? 55,7 проценти би ја избрале владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

anketa2

На прашањето Доколку треба да изберете меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, која партија сметате дека повеќе или донекаде може да и се верува дека ќе ги исполни предизборните ветувања? 58,3 отсто одговориле дека и веруваат на владејачката партија.

И во однос на економијата, според резултатите од анкетата на „Павел Шатев“, довербата е на страната на ВМРО-ДПМНЕ.

anketa3

anketa4

Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол,  возраст, но беше направена и поделба според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.  Анкетата е направена врз основа на репрезентативен примерок на гласачите на македонските партии – велат од Институтот од каде додаваат дека сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2,5 проценти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top