| четврток, 6 декември 2018 |

Фолкерка бара 120 илјади евра за учество во новата сезона ТЛЗП (фото)

Новата сезона, трета по ред, ќе почне со емитување кон крајот на февруари. Во оваа програма ќе учествува и Рада Манојловиќ, Милица Павловиќ, Мина Лазаревиќ, Иван Гавриловиќ и Богољуб Матиќ Ѓоша.

startuva-tvoeto-lice-zvuchi-poznato-182293

Но информацијата на која деновиве регионалните медиуми и дадоа посебно внимание е поврзана со хонорарот кој  фолкерката Дара Бубамара го побарала за да учествува во ТЛЗП.

Имено Дара побарала сума од 120 000 евра и со тоа веројатно сакала да им испрати порака на продуцентите дека не сака да учествува во програмата. Но како што пренесуваат медиумите, продуцентите сериозно размислуваат да го исполнат нејзиното барање.

dara 1

-Дара  Бубамара би била идеална за овој музички шоу програм, а во продукцијата се свесни дека таа со нејзиното учество би ја кренала гледаноста. По секс скандалот во кој се најде, таа стана популарна што покажуваат и нејзините настапи за кои се бара билет повеќе. Меѓутоа, со оглед дека хонорарот на учесниците се движи помеѓу пет и 15 илјади евра, сумата која Дара ја бара е преголем за буџетот на продукциската куќа. Но преговорите се уште се во тек – изјавил анонимен извор близок до продукцијата.

дара 34

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top