Бизеовата романса, операта „Ловци на бисери“, се враќа на сцената во Мет за прв пат по 1916 година, во нова продукција диригирана од страна на Џанандреа Носеда и во режија на Пени Вулкок. Оваа сабота на 16ти јануари во 18:55 часот, директно од сцената на Метрополитен Операта.
ЛОВЦИ НА БИСЕРИ (БИЗЕ)
САБОТА, 16. ЈАНУАРИ 2016, ВО 18:55ч
ВО ЖИВО (2ч 54мин)
Диригент: Џанандреа Носеда
Композитор: Жорж Бизе
Режисер: Пени Вулкок
Улоги: Дијана Дамрау (Лејла), Метју Полензани (Надир), Мариуш Квичиен (Зурга), Николас Тесте (Нурбад )
За прв пат по 1916 година кога Енрико Карузо настапил во операта, Мет ја претставува Бизеовата романса „Ловци на бисери“, која дебитираше во Адамсовата „Атомски доктор“. Џанандреа Носеда диригира со поставката предводена од Дијана Дамрау како убавата свештеничка Лејла. Метју Полензани и Мариуш Квичиен ги толкуваат улогите на Надир и Зурга, двајца ловци на бисери чие пријателство е ставено на тест поради нивното ривалство за наклонетоста на Лејла; еден од најпознатите оперски дуети е токму помеѓу овие два лика. Николас Тесте ќе се најде во улога на свештеникот Нурбад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.