| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот филм „Лазар“ на Интернационалниот филмски фестивал Санта Барбара

Филмот „Лазар“ на македонскиот режисер Светозар Ристовски е дел од селекцијата на Интернационалниот филмски фестивал Санта Барбара, објави продуцентот.

Вчера Фестивалот ја објави официјалната селекција. „Лазар“ својата американска премиера ќе ја има на 8 февруари.

„Лазар“ е копродукција на Македонија, Хрватска, Бугарија и на Франција и оставрување на режисерот Светозар Ристовски по 11 години.

Со овој филм лани во Битола се отвори Интернационалнит фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и доби многу позитивни критики.

„Лазар“ тематизира приказна за распадот на едно семејство, кое егзистира со пренесување бегалци. Сценариото почна да се развива токму на ИФФК, на „Манаки стрип корнер“. Филмот освен во Битола, беше ден и од натпреварувачка програма на фестивалот во Варшава.

Сценарио за филмот е на Светозар Ристовски и Грејс Леа Троје, а директор на фотографија е Дејан Димески.
Главните  улоги ги толкуваат: Ведран Живолиќ, Дејан Лилиќ, Наташа Петровиќ, Горан Навојец, Александар Сано, Красимира Кузманова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top