Францускиот весник Шарли Ебдо предизвика нова контроверза, објавувајќи карикатура од сириското момче бегалец, чија смрт го потресе светот, прикажувајќи го како возрасен човек кој напаѓа жени на улица.
Лондонски „Индипендент“ пишува дека всушност се работи за исмејување на ставот дека сите мигранти на некој начин се вмешани во напад, како оние на жени во Германија за новогодишната ноќ.
На цртежот се гледа слика на детето Ајлан, кој за време на неговата смрт, предизвика меѓународни напори да се реши бегалската криза, а до неа цртеж како го прикажува како возрасен, дехуманизиран и брка жени.
Под сликата пишува:„Што би бил Ајлан? Некој кој фаќа жени за задникот во Германија“.
Поддршката на бегалците во Германија драстично опадна по инцидентот кога група мажи, претежно мигранти, нападнаа повеќе од 70 жени во Келн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.