Во Македонија во среда ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Во југоисточните и источните предели ќе биде умерено облачно со сончеви периоди.
Ветерот ќе слабее, па во среда ќе дува доумерен слаб југозападен и западен ветер, кој во западните предели ќе достигне брзина до 30 км/ч. Температурите ќе бидат во опаѓање, утринските ќе се движат од -3 до 4 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4 односно до 14 степени. Воздушниот притисок ќе има вредност околу 1013 хектопаскали.
СКОПЈЕ – Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен југозападен ветер. Утринската температура од 3 до 10 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во четврток по студеното утро, во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди и максимални температури од 4 до 13 степени. Во четврток умерено облачно со врнежи од дожд, над 1200 метри со врнежи од снег, максималните температури од 4 до 13 степени. Во сабота облачно со врнежи од дожд а над 700 метри со врнежи од снег. Во попладневните и вечерните часови врнежите ќе се спуштат и во пониските предели проследени со засилен ветер. Во недела облачно со врнежи од снег, ветровито и студено со дневни температури од -2 до 3 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.