Во привремените објекти што ќе се поставуваат на територијата на Скопје ќе може да се продава храна, но само по претходно изработен елаборат, кој треба да биде одобрен од Градот, велат најновите измени на Одлуката за утврдување стандарди за поставување привремени објекти и урбана опрема, усвоени на последната седница на Советот на Градот.
Тоа ќе значи дополнителни трошоци за сопствениците на привремени објекти, но и појасни правила за постапување со храната и предвидени мерки за влијанието врз околината.
Одлуката за стандарди е донесена во февруари 2010 година, а во изминатиот период беа направени неколку измени, во 2011 и 2014 година, како и последните од неодамна. Со неа се врши усогласување кон Одлуката за утврдување критериуми за доделување право за поставување монтажно-демонтажни објекти со усно јавно наддавање, како и со Програмата за поставување урбана опрема во метрополата.
Освен за продажбата на храна, направени се ред други измени што се однесуваат на квадратурата на привремените објекти, како и на времетраењето на издаденото одобрение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.