Која храна и кои пијалоци не треба да ги консумирате ако имате настинка?
1. Газирани пијалаци
Разни газирани пијалаци имаат мало позитививно влијание на метаболизмот. Полни се со шеќери кои имаат негативно влијание и предизвикуваат воспаленија. Не е никакво изненадување дека храната полна со шеќери има исто влијание, па затоа избегнувајте бонбони, колачи, кекси и слична храна. Затоа подобро земете чај од ѓумбир и многу течности.
2. Млечни производи
Кај некои луѓе можат да го влошат чувството на тешко голтање. Ако забележите дека и вам ви влијаат на тој начин, избегнувајте ги. За тие што немаат проблем со млечни производи за време на настинка, можат да бидат извонреден извор на протеини и витамини кои се најважни при борбата со болест.
3. Алкохол
Алкохолот има исто влијание како шеќерот. Освен лошото влијание на оздравувањето, алкохолот ќе ве дехидрира, а течностите се најважни при оздравувањето од настинка.
4. Преработени јаглехидрати
Тост и бисквити звучат како типична храна за болни, но се лажете – во прашање се продукти кои ќе ви го зголемат нивото на шеќер во крвта и ќе го отежнат оздравувањето. Ако баш не можете без тост додека сте болни, направете си барем нешто од интегрални житарки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.