Во вторникот во Скопје било пријавено дека изгореле два автомобила во подземна гаража, објави „Макфакс“. Имено, околу 8 часот во полицијата во Скопје Ј.Ј. пријавил дека на улицата „Франклин Рузвелт“ во подземните гаражи од непознати причини настанал пожар кој зафатил две патнички возила „опел вектра“ и „форд фиеста“, кои се во негова сопственост.
Пожарот е изгаснат од страна на противпожарна служба, а причината за настанување на пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.