Сите знаеме дека продуктите кои секојдневно ги јадеме содржат токсини и опасни хемикалии. Да се јаде здраво значи да се конзумираат продукти кои се минимално обработени и кои не содржат адитиви.
Ова се намирниците за кои различни експерти за храна од сите краишта на светот велат дека никогаш не треба да се јадат!
1.Ендокринолози-домати во конзерва
Проблемот е во лимените конзерви. Тие содржат бисфенол-А, синтетички естроген кој се доведува во врска со репродуктивните проблеми, срцеви заболувања, дијабетес и гојазност.
Алтернатива:Сок од домати од стаклени шишиња
2.Фармери- месо од грла добиток кој се хранети со пченка
Добитокот во природата јаде трева, а не житарици. Повеќето фармери денеска, поради притисок и желба за поголем профит го храни добитокот со пченка и соја бидејќи се поевтини.
Алтернатива:Месо од добиток кој се хранел со трева, кое е богато со бета каротин, витамин Е, омега 3 масни лиселини, калцијум, магнезиум и калиум.Ова месо е поскапо, но поздраво и повкусно.
3.Токсиколози – пуканки од микробранова
Проблемот е во супстанцата ПФОА, хемикалија која се наоѓа во амбалажата на пуканките за микробранова. Оваа хемикалија се доведува во врска со неполодноста, како и проблеми со црниот дроб и панкреасот. Во микробранова оваа хемикалија испарува и влегува во пуканките, а во човечкото тело може да с езадржи со години.
Алтернатива:Обични пуканки
4. Земјоделци-неоргански компири
Неорганските компири содржат хербициди, пестициди и фунгициди
Алтернатива: Органски компири
5.Експерти за рибарство-лосос од фарми
Месото на лососот одгледан на овој начин е канцерогено и се доведува во врска со дијабетес и гојазност.
Алтернатива:Див, уловен лосос
6.Биотехнолошки експерти-неорганска соја
За жал 90 отсто од сојата во светот е генетски модифицирана и предизвикува долгорочни проблеми со здравјето бидејќи го пореметува балансот на хормоните, а може да доведе и до рак.
Алтернатива:Ферментирана соја
7. Експерти за органска храна-ноергански јаболки
Од сите неоргански производи, јаболките содржат највисоко ниво на пестициди, кои се доведуваат во врска со ракот и Паркинсовата болест.
Алтернатива:Органски јаболки
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари
-
Што се имаат извадено докторите од дишните патишта на децата?
-
Лекарите не се вреднуваат според заслугата, туку по партиска линија или ако се во род со професори – му се пожали специјализантка на Заев
-
Лекарите го исклучија од апарати спротивно на желбата на родителите, но детето е уште живо