Двајца чистачи на прозорци во Тексас, останале заробени еден час во тешко оштетена платформа, на фасадата на облакодер во Хјустон каде што е сместена филијалата на американската банка „ЏП Морган-Чејс“.
Инцидентот се случил близу до врвот на зградата која е највисока во овој тексашки град, меѓу 72. и 73. кат, кога една од челичните сајли на кои се држела платформата, се откачила.
Платформата на која биле двајцата чистачи, наеднаш се навалила за 45 степени, држејќи се само на една сајла, а преплашените работници очекувале секој момент и таа да се скине и тие да пропаднат во амбисот.
Преку радио станицата сепак, успеале да побараат помош. Спасувачки екипи од противпожарната служба во Хјустон започнале сложена операција за спасување на заробените чистачи, која успешно била завршена.
Полицијата соопшти дека никој во инцидентот и при операцијата за спасување не бил повреден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.