Со високи приходи по глава на жител, Канада е една од најбогатите земји.
Бруто-националниот приход по глава на жител во Канада изнесува 29,500 евра, очекуваниот животен век е 81,5 години. Земјата со околу 35,5 милиони жители е втора држава на светот по резерви на нафта. Исто така, Канада е еден од најголемите светски произведувачи на житарки во светот, пренесе Србија Данас.
Веројатно повеќето од вас се заинтересирани за најбараните професии и платата. Најдобро платени се работниците во нафтената индустрија, во медицината, како и луѓето кои работат работи поврзани со телекомуникации. Од друга страна, најслабо платени се работниците што работат во продавници во малопродажба.
Просечната плата во Канада се движи помеѓу 3.000 и 3.700 евра на месечно ниво. Најниска плата имаат куќните помошнички и чистачи, и тоа околу 1.600 евра.
Луѓето што работат во областа транспорт месечно заработуваат околу 2.200 евра, а за околу 100 евра повеќе од нив земаат оние што се занимаваат со услужни дејности. Графичките дизајнери заработуваат околу 2.600 евра месечно, а правниците околу 2.750 евра.
Во областа здравството, просечната месечна плата е 3.400 евра. Секако, тука станува збор за просек во кој се вклучени лекари, техничари, медицински сестри. Сепак, ако работите како заболекар, годишно можете да заработите од 85.000 до околу 130.000 евра.
Лицата што се занимаваат со продажба на имот заработуваат околу 3.600 евра месечно, како и сметководителите. Околу 4.000 евра е просечната месечна плата во областа осигурување, а 4.400 евра заработуваат инжинери и банкари.
Во авиоиндустријата просечната месечна заработка е 4.800 евра. Ако сте пилот, на годишно ниво можете да заработите од 50.000 до 65.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.