| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу: Сите жртви во атентот во Истанбул се странци

Davutoglu juppe

­Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека Исламска држава стои зад денешниот самоубиствен напад во Истанбул, во кој се убиени 10 лица, сите странци, пренесе турската телевизија НТВ. Според турскиот премиер, извршител на атентатот е странски државјанин, член на ИД.

-­ Независно од каде доаѓа тероризмот оној кој изврушва терористички напад извршува злосторство против човештвото- изјави Давутоглу.

Премиерот уште посочи дека Турција е одлучна да се бори против воинствената група се дотогаш додека таа не престане да биде закана за земјата и светот, пренесуваат американските медиуми. ­

-Сите убиени во денешниот напад во нашата земја се странци. Овие наши гости за нас се мили и вредни. Тие дошле за да ја запознаат Турција- забележа Давутоглу.

Тој додаде дека во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, од каде потекнуваат повеќето од убиените, тој и ги пренел изразите на жалење и сочуство. -­Овој напад нема да влијае врз демократската ситуација во Турција. Со него како цел беа земени не само лицата кои се наоѓаа на плоштадот, туку цела Турција – додаде турскиот премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top