Премиерот Никола Груевски попладнево, по враќањето од Вашингтон, средбата со потпретседателот на САД Џо Бајден ја оцени како пријателска и одлична и истакна дека претставува уште една потврда на стратешкото партнерство со САД.
- Гледам дека некои од македонските медиуми и опозицијата особено се занимаваат со техникалии кој побарал средба, дали јас сум побарал средба, дали тој кој ја организирал средбата, што организирал… Јас повеќе би зборувал за суштината, а суштината е дека имавме многу пријателска и одлична средба со господинот Џо Бајден на која присуствуваше и госпоѓата Викторија Нуланд. Дека тоа е добро не само за нас, туку и за Република Македонија претставува уште една потврда на нашето стратешко партнерство со САД, држава која што во овие две и пол децении независност ни има многу помогнато и поддржано и ќе не поддржува и во иднина. Разговаравме за повеќе теми коишто веќе ги кажав во моја изјава што ја дадов уште во Вашингтон и којашто веќе е проследена во македонските медиуми- истакна премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето договор за реализација на инвестиција со која ќе биде рестартирана поранешна „Порцеланка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски