| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Турција е првата цел на секоја терористичка организација

ер

-Првата цел на сите терористички организации, кои се активни во регионот, е Турција- изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на годишната конференција со турските амбасадор, неколку часа по нападот во Истанбул при што загинаа десет лица.

Тој повика на единство на турскиот народ во борбата против тероризмот и на поодлучна борба против Исламската држава.

Ердоган посочи и дека Анкара планира да ја продолжи борбата против „сепаратистичката терористичка организација“ Курдската работничка партија (ПКК) во југоисточна Турција. ­ Поради акциите на терористичката организација (ПКК) прекршени се правата и слободата на милиони наши граѓани, кои живеат во реонот. Но, не државата туку терористичката група ги крши правата. -Сакам да испратам порака до целиот свет: Турција нема никаков проблем со своите курдски граѓани. Во Турција нема курдски проблем. Проблемот на Турција денес е проблемот со тероризмот, а не курдски проблем- посочи Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top