Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, сака кариерата да ја заврши во својот сегашен клуб.
Интерес за ангажман на Аргентинецот во последно време покажуваат ПСЖ и Манчестер Сити, но судејќи според неговите зборови, нема пари кои би можеле да го принудат да си оди од „Камп Ноу”.
-Отсекогаш сум нагласувал дека не сакам да ја напуштам Барселона и секогаш ќе го давам истиот одговор на ова прашање. Сакам да ја завршам кариерата дома, а мојата куќа е Барселона – нагласува Меси.
Аргентинскиот репрезентативец минатата година со каталонскиот клуб стана првак на Шпанија, Европа и во светот, а вчера вечер беше прогласен за најдобар фудбалер во 2015 година и по петти пат ја освои наградата „Златна топка“.
Во младинските селекции на Барселона Меси дојде 2001 година на 14-годишна возраст, а своето деби за првиот тим го имаше три години подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.