Во светот одамна постојат и успешно работат јавни перални за перење и за сушење алишта, а од неодамна имаме и во Скопје. На запад луѓето одат до оној степен што возат или патуваат 15-20 минути додека да стигнат до најблиското место за перење и за сушење на алишта. Во однос на прашањето дали има интрес, уште од првиот момент на соопштување дека е отворено „Лондри кафе“ во Скопје, место каде што самите клиенти можат да ги користат машините за перење и за сушење, реакциите беа позитивни, во стилот па долго време чекавме вакво нешто да се случи.
Приказната за „Лондри кафе“ е со цел да се поттикне навиката, како и да се овозможи услугата за самостојно перење, сушење и на пеглање на облека. Додека чекате може да ги користите кафе-услугите на „Лондри кафе“ во пријатна атмосфера, да прочитате книга, да користите интернет и др. Машините се тивки, брзи и полупрофесионални. Од друга страна, доколку клиентите немаат време, слободно може да ја остават својата облека, а персоналот во „Лондри кафе“ да се погрижи за истата. Секако, потребно е претходно самите клиенти да направат селекција на облеката и да посочат каков тип облека оставаат: бели алишта, шарени, мешани, свила, волна, спортска опрема, чаршави, завеси и итн. Селектирањето на еднодродна облека е особено битно како во „Лондри кафе“, така и во домашни услови, затоа што може да дојде до боење на облеката, како и до стеснување, ширење, кинење и сл. „Лондри кафе“ располага со капацитети за перење, сушење и за пеглање, со цел да понуди комплетна услуга.
Сушењето облека во затворени простории, особено во оние во кои најмногу престојуваме, е штетно по здравјето. По перење на облека во една машина од 5-6 кг, облеката во себе содржи 2-3 литра вода, а тоа може да ја зголеми до влажноста на воздухот до 30 проценти и да предизвика проблеми со здравјето, особено со белите дробови, да предизвика астма и сл. Од друга страна, омекнувачите што се користат при сушење на облеката на радијатори, испарува и истата се вдишува. Тие хемикалии се штетни.
„Лондри кафе“ располага со машини со капацитет од девет килограми, речиси двојно од капацитетите на вообичаените домашни машини за перење. Може да се пере: памучна облека, бели, шарени, свила, волна, завеси, спортска опрема, синтетика итн. Дополнително, „Лондри кафе“ располага со антиалергиски програми, погодни за новите мајки. „Лондри кафе“ работи со комерцијални и со професионални детергенти, од македонско и од странско производство. Секако, доколку клиентите се комфорни со користење на одреден детергент, слободно може да го понесат со себе омилениот детергент.
„Лондри кафе“ се наоѓа во центар на град Скопје, во улицата на новиот хотел ИБИС, наспроти Главна Пошта и Охридска банка (дирекција).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.