| четврток, 6 декември 2018 |

Почина трудницата повредена во сообраќајката кај Струмица

soobrakjajkata

На Клиничкиот центар во Скопје почина 29 годишната жена која пред два дена заедно со сопругот и шестгодишната ќерка имаа тешка сообраќајна незгода на излезот од Струмица. Жената била во вториот месец од бременоста.

Девојчето и сопругот се надвор од животна опасност на хируршкото одделение во Струмичката болница.

slilka strumica netСообраќајката се случи на патот Струмица-Дабиле, пред бензинската пумпа Лукоил каде директно се судрил автомобилот на семејството со друг автомобил.

Мајката и девојчето биле сопатнички во автомобил „Фиат Типо“, а со нив имало уште едно лице кое го управувало возилото, кој помина со лесни повреди, додека во другиот автомобил „Опел Астра“ се наоѓале две момчиња и поминаа со лесни повреди. Поради лошата состојба на возилото „Фиат Типо“, во вадењето на повредените учествувала и Противпожарната единица од Струмица.

Увидот на полицијата и јавното обвинителство треба да ги утврдат причините за сообраќајката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top