| четврток, 6 декември 2018 |

Вештаци денеска даваат исказ за дадилката што го малтретираше бебето

dadilkata-monstrum

Денеска продолжи судењето за дадилката, која е обвинета за запуштање и малтретирање малолетно лице. Судењето се одвива зад затворени врати, а според најавите, треба да бидат сослушани тројца вештаци на обвинителството и двајца на одбраната.

Минатиот месец почна судењето против дадилката која е обвинета за малтретирање на деветмесечното бебе што ѝ било доверено на чување. Судот донесе решение за затворање на судењето за јавноста поради заштита на личниот и на приватниот живот на обвинетата, како и поради нејзината возраст, која е преку 60 години, заради заштита на личниот и на приватниот живот на детето и на неговото семејство и заради намалување на последиците од кривичното дело, како и евентуалните последици од обелоденување на идентитетот на детето.

Обвинетата одговара за запуштање и за малтретирање малолетно лице со последица тешка телесна повреда. Според одбраната, недопустливо е вештачењето за повредите на детето да го прави општ хирург, кој според нив, не бил некомпетентен за тоа. Тие бараат да и се суди за став 1 од членот 201, а не за став 3. За став 1 минималната казна е една година, а за став 3, казна затвор од пет години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top