Нема повредени и загинати Македонци во нападот во Истанбул. Генералниот конзул на Република Македонија во Истанбул, Зерин Абаз, нема информации за загинати ниту за повредени македонски државјани. Ниеден државјанин на Македонија не го контактирал конзуларното преставништво.
Најмалку 10 лица загинаа, а 15 други се ранети претпладнево при експлозија на централниот истанбулски плоштад „Султанахмед“, кој е едно од главните туристички атракции на најголемиот град во Турција. Според турските медиуми биланост на загинати може да биде и поголем бидејќи неколкумна од повредените се наоѓаат во критична состојба.
Причините за експлозијата засега не се познати, но според непотврдени информации, најверојатно станува збор за терористички напад извршен од бомбаш-самоубиец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.