| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Русија соодветно ќе ѝ одговори на Турција ако почувствува безбедносна закана

putin

Рускиот претседател Владимир Путин изјави за германскиот весник „Билд“ дека неговата земја соодветно ќе ѝ одговори на Турција, доколку таа претставува закана за националната безбедност на Русија.

– Искрено се надевам дека такви случувања нема да прераснат во големи воени конфликти. Но, ако руската безбедност и интереси се под закана, тогаш Русија ќе се спротивстави. Секој треба тоа да го знае – изјави Путин.

– Турција е дел од НАТО, но не беше нападната. Затоа, не е потребно НАТО да ја заштитува и нашите проблеми со Турција немаат ништо со членството на таа држава во алијансата – вели Путин.

Тој нагласи дека е подобро турското раководство да се извини за соборувањето на авионот, што очевидно беше воен престап, место да се жали во седиштето на НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top