Дваесет и двегодишен скопјанец е уапсен ноќеска на граничниот премин „Богородица“ при обид да внесе во државава половина килограм хероин. Скопјанецот Ќ.А. доаѓал од Турција со редовна автобуска линија од Истанбул до Скопје. Автобусот пристигнал на граница околу 3.30 часот.
Полициските службеници и цариниците извршиле претрес во автобусот и на патниците, при што било употребено и куче-трагач, кое ја открило дрогата во долната облека на скопјанецот. Хероинот бил спакуван во правоаголна форма облепен со селотејп. При направеното тестирање на самото место било утврдено дека станува збор за високо квалитетна дрога, која на домашниот наркопазар би достигнала вредност од 50.000 евра.
За Ќ.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, а МВР трага и по евентуални негови соработници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Во домот на скопјанец пронајдени хероин и кокаин
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи


