Француско-холандскиот авиопревозник „Ер Франс КЛМ“ соопшти дека во декември минатата година претрпел штета од околу 70 милиони евра поради терористичките напади во Париз на 13 ноември.
Компанијата објави дека ефектот од терористичките напади на бројот на патници главно се загубил во последните две седмици.
Компанијата во декември превезла 6,7 милиони патници, а пополнетоста на седиштата била 82,9 отсто, што е оценето како „стабилен“ резултат, пренесе „АФП“.
Прометот во ноември паднал за околу 50 милиони евра како резултат на нападите, објави претходно „Ер Франс КЛМ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.