| четврток, 6 декември 2018 |

Менаџерите на „Ер Франс“ со скинати кошули в раце бегаа од штрајкувачите (видео)

Вработени на авио-компанијата влегоа денес во седиштето на Ер Франс на аеродромот Шарл Де Гол во близина на Париз за време на состанок на раководството за планот за отпуштања во компанијата, им ги искинаа кошулите на двајца менаџери кои потоа ја скокнале оградата и избегале во придружба на полицијата, објави порталот „Мкд.мк“.

mkd-219651

Фоторепортерот на агенцијата Асошиејтед прес изјави дека стотина гневни вработени влегле во зградата на Ер Франс откако ја пробиле капијата, додавајќи дека набрзо потоа ги видел двајцата менаџери како бегаат.

mkd-219652

Државниот секретар во министерството за сообраќај Ален Видали го осуди насилството со порака на социјалната мрежа Твитер, истакнувајќи дека тоа е „неприфатливо“, додека компанијата најави тужба поради нападот.

Ер Франс денес го соопшти планот за намалување на своите активности и укинување на речиси 3.000 работни места по неуспешните преговори со пилотите кои протестираат поради продолжувањето на работното време.

Француските медиуми пренесуваат дека новиот план се однесува на укинување 2.900 работни места во 2016 и 2017 година. Според планот на Ер Франс, би се отпуштиле 300 пилоти, 900 стјуарти и стјуардеси и уште 1.700 вработени на различни канцелариски работни места.

Групацијата Ер ранс/КЛМ е втората по големина авио-компанија во Европа по Луфтханза.

фото: МКД.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top