| четврток, 6 декември 2018 |

Горивата поевтинуваат, половина денар и еден денар

benzinska-pumpa

Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот за еден денар. Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите малопродажни цени на нафтените деривати
Од полноќ евросупер БС-95 ќе чини 61 денар, а еден литар евросупер БС-98, 63 денари.

Евродизелот ќе се точи по цена од 42,5 денари по литар.

Незначителното намалување на цените на нафтените деривати е вистинско непријатно изненадување, особено ако се има предвид дека немаше поголеми промени на курсот на денарот во однос на доларот, а цената на суровата нафта пред две недели, според Регулаторната комисија за енергетика, изнесуваше околу 40 долари, а во денешниот извештај е спуштена за речиси четири долари по барел и изнесува 36,7 долари.
На намалување од околу четири долари на еден барел, бензинот поевтинува само половина денар, а дизелот само еден денар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top