| четврток, 6 декември 2018 |

Ал Каеда ѝ се закани на Саудиска Арабија

Саудиско-јеменскиот и магребскиот огранок на Ал Каеда ѝ се заканија со одмазда на Саудиска Арабија поради погубувањето на 47 џихадисти на 2 јануари, меѓу кои и шиитскиот свештеник Нимр ал Нимр.

gal-kaeda

Во заедничкото соопштение објавено денеска на една џихадистичка интернет-страница, Ал Каеда на Арапскиот Полуостров (AКПА) и Ал Каеда во Исламски Магреб (AКМИ) се обвинуваат саудиските лидери дека „направиле глупав чин“ погубувајќи ги лицата и „покрај предупредувањата на муџахедините“ во светот.

Лидерот на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров погубените џихадисти во Саудиска Арабија ги нарече маченици.

Саудиските власти на 2 јануари егзекутираа 47 лица под обвинени за тероризам, од кои повеќе од 40 биле поврзани со сунитската екстремистичка организација Ал Каеда. Тие се погубени поради нападите во 2000 година во Саудиска Арабија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top