| четврток, 6 декември 2018 |

2015 година на заевизам: Лаги, афери и многу омраза

„Кој ла­же, тој кра­де, на та­ван спие и во­шки врие“ – со овие збо­ро­ви и ден-де­нес по­ста­ри­те ги пла­шат де­ца­та во Ма­ке­до­ни­ја. На по­ли­тич­ка­та сце­на е оп­што­при­фа­те­на мо­ди­фи­ку­ва­на­та вер­зи­ја: „Кој ла­же, тој се де­ман­ти­ра, на Па­вел Ша­тев спие и „бом­би“ и ми­ли­о­ни врие...“ Мо­ди­фи­ка­ци­и­те се на­мет­наа мно­гу при­род­но, ка­ко пос­ле­ди­ца на без­о­браз­лу­кот на опо­зи­ци­ја­та што оваа го­ди­на, де­фи­ни­тив­но, се над­ми­на се­бе­си, ка­ко и си­те гра­ни­ци на нор­мал­но­то по­ли­тич­ко дејс­тву­ва­ње

Не из­би­рај­ќи средс­тва, итај­ќи ма­хи­нал­но кон за­мис­ле­на­та цел на­ре­че­на власт, чел­ни­ци­те на СДСМ одам­на го за­сра­ми­ја Ма­ки­ја­ве­ли. За жал, од нив­на перс­пе­кти­ва цел­та да се до­гра­бат до власт одам­на ги оправ­ду­ва си­те не­кон­вен­ци­о­нал­ни и на­па­ти на­луд­ни­ча­ви средс­тва, кои не­ма­ат ни­ка­ква вр­ска со по­ли­ти­ка. Но­ви­от пра­вец во по­ли­тич­ка­та бе­скру­пу­лоз­ност го до­би име­то за­е­ви­зам. Ве­ро­јат­но и авто­рот на „Вла­де­те­лот“ не мис­лел на тол­ку го­ле­ми и па­те­тич­ни ла­ги, ка­ко ни Ге­белс, за чи­ја­што жал со­ци­јал­де­мо­крат­ска­та „Го­ле­ма ла­га“ нѐ ста­ви на свет­ски­те ма­пи на уни­кат­ност. За са­мо ед­на го­ди­на глу­пи­ра­ње, ди­ле­тан­ти­зам и омра­за, СДСМ на­пра­ви де­це­ни­ска ште­та за сопс­тве­на­та др­жа­ва, ко­ја, фа­ктич­ки, ка­ко и на­ро­дот, ни­ко­гаш не ги чув­ству­ва­ле ка­ко свои, освен, мо­же­би, ка­ко сопс­твен ви­ла­ет за ис­пол­ну­ва­ње на лич­ни­те „си­но­крв­ни“ фру­стра­ции. Жа­леа по Ју­гос­ла­ви­ја, а се­га и за вла­ста во Ма­ке­до­ни­ја, но не за др­жа­ва­та и за на­ро­дот.

Го­ди­на­та 2015 ја поч­наа со оми­ле­на­та про­фе­си­о­нал­на де­фор­ма­ци­ја на­ре­че­на бој­кот, про­дол­жи­ја со оби­ди за пуч, се за­си­ли­ја со пе­тар­до­ид­ни „бом­би“, па при­тис­на­ти од оми­ле­на­та ме­ѓу­на­род­на за­ед­ни­ца не­вол­но се сог­ла­си­ја на ком­про­мис во Пр­жи­но и за из­бо­ри. За­вр­ши­ја со фа­бри­ка за афе­ри де­се­ти­ци па­ти по­се­ри­оз­на и по­гр­да од нив­ни­те фин­ги­ра­ни, на­стра­на не­за­кон­ски прис­лу­шу­ва­ни раз­го­во­ри. Пред фа­кти­те ви­сти­на­та и бо­го­ви­те мол­чат, освен ед­ни ма­ке­дон­ски бил­ме­зи фи­нан­си­ра­ни од УСАИД, кои ги про­ве­ру­ва­ат, а СДСМ за­мол­чи пред ан­ке­ти­те. По нив, пак, уште по­ве­ќе. Имај­ќи пред­вид ка­кви сѐ гна­со­ти­ла­ци би­ле смис­лу­ва­ни во по­го­нот на Ча­у­шот, ли­де­рот за­ли­чи на Пи­но­кио. Не по­ра­ди не­ви­но­ста, ту­ку по­ра­ди не­до­вет­но­ста. Мо­же­би след­ни­от ма­скен­бал во Стру­ми­ца ќе го об­ле­че ток­му овој ко­стим. Нај­го­ле­ма кон­ку­рен­ци­ја му се ли­ко­ви­те на ба­ро­нот Мин­ха­у­зен и на ад­во­ка­тот Фле­чер Рид, кој во фил­мот „Лаж­го, лаж­го“ го глу­ми Џим Ке­ри. Ли­де­рот е во ди­ле­ма, а Ше­ке­рин­ска ве­ќе ќе му смис­ли не­што. Ка­ко и се­ко­гаш, не­ли…

 

analiza174-2

Го­ди­на ед­на, ла­ги мно­гу…

Во те­кот на оваа го­ди­на за па­ме­те­ње ла­ги, За­ев се­ри­оз­но го зас­лу­жи не­при­кос­но­ве­но­то пр­во ме­сто на пи­е­де­ста­лот. Не­го­ви­от пар­ти­ски глас­но­го­вор­ник ка­ко по­мош­ник во дејс­тву­ва­ње­то за­ста­на бли­ску до не­го­ви­те не­бу­ло­зи, но, се­пак, мно­гу, мно­гу да­ле­ку од кван­ти­те­тот и од ква­ли­те­тот на ли­де­ро­ви­те ан­ти­мај­сто­рии. Да, до­кол­ку тој не­ко­гаш го об­ле­че ко­сти­мот на Бет­мен, Ши­ле­гов, де­фи­ни­тив­но, ќе тре­ба да би­де Ро­бин. Но тие не ла­жат, не­ли…

analiza174-3Пр­ва­та пу­шка или „бом­ба“ на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја, пак, го­ди­на­ва ка­жа куп ла­ги. Мно­гу и се­ри­оз­ни. Пр­ва­та ве­ќе, нај­ве­ро­јат­но, ни­кој не ја ни па­ме­ти, но, ка­ко што се чи­ни, бе­ше таа во ко­ја твр­де­ше де­ка не се срет­нал со Гру­ев­ски. Се по­ка­жа де­ка нај­мал­ку че­ти­ри па­ти го на­пра­вил тоа, при­тоа уце­ну­вај­ќи го во „Пуч“. По­тоа За­ев не го поз­на­ва­ше Ве­ру­шев­ски, а аси­сти­ра­ше Ши­ле­гов. Се по­ка­жа де­ка и комп­ју­тер му ку­пил, а са­кал и авто­мо­бил, за да из­бе­га. Мо­же­би мар­ка „ка­ти­ца“, не­ли. На­ја­ви па­ѓа­ње на Вла­да­та за три де­на, а по мно­гу ме­се­ци про­тив­ни­ци­те има­ат уште по­до­бар реј­тинг. Во еден ден сме­ни три адре­си на тие што му ги да­ле прис­лу­шу­ва­ни­те раз­го­во­ри, исто ка­ко што из­ла­жа де­ка во нив ги не­ма Ни­ко­ла Гру­ев­ски и Са­шо Ми­јал­ков. За­тоа што би­ле на­ра­ча­те­ли, не­ли, па по­тоа се из­нас­лу­шав­ме мон­та­жи со нив. Исти­от тој За­ев нај­а­ви де­ка ќе ги „пу­ка“ еден и пол ме­сец – тра­е­ја по­ве­ќе од шест ме­се­ци. Ва­ри­ра­ше и бро­јот на прис­лу­шу­ва­ни раз­го­во­ри. И тоа спо­ред по­тре­ба. Да не за­бо­ра­ви­ме, нај­а­ви и де­ка ќе ги пре­да­де вед­наш по наз­на­чу­ва­ње­то спе­ци­ја­лен об­ви­ни­тел. Тоа го ка­жа де­се­ти­на па­ти, а ни­ту За­ев ни­ту Ка­ти­ца не се по­тру­ди­ја тоа да се ре­а­ли­зи­ра во 2015 го­ди­на. Дел од нај­но­ва­та ле­пе­за не­ви­сти­ни е ве­ту­ва­ње­то де­ка ќе из­ле­зе пред Ан­кет­на­та ко­ми­си­ја. Ќе све­до­чел јав­но?! Упс, по­втор­но ста­ти­ва со аси­стен­ци­ја на Ши­ле­гов. Е, се­га ќе до­шол ко­га тоа ќе го на­пра­вел Гру­ев­ски. А тој по­ми­на, без да им на­пра­ви ќеф за јав­но све­до­че­ње. Нај­но­ва­та ла­га, пак, тре­ба да ја зат­скрие ви­сти­на­та, ама таа нај­бол­на­та, ко­ја го раз­о­ткри сдсмов­ски­от код и на­чин на те­ра­ње по­ли­ти­ка. Отка­ко ги фа­ти­ја жи­ви со ме­га­скан­да­лот „Фа­бри­ка за афе­ри“, се­га За­ев тре­ба да го спа­си бро­дот што не­из­беж­но то­не. Лош обид за де­фо­ку­си­ра­ње од ви­стин­ска­та афе­ра, па се­га не­бу­лоз­но и не­ар­гу­мен­ти­ра­но твр­ди де­ка де­мек МВР из­да­ло де­се­ти­ци ил­ја­ди лич­ни кар­ти за из­бо­ри?! Се­пак, нај­го­ле­ми­те би­се­ри пад­наа „на стра­на“. При­тис­нат од пре­го­ле­ма­та уло­га и све­сен за сво­ја­та ма­лен­кост, ли­де­рот „на два­па­ти“ се отво­ри во ту­ѓи­на. Пу­ста да оста­не. И Изра­ел и Сло­ве­ни­ја. Из­ла­жа во Тел Авив, а го де­ман­ти­ра­ше лич­но ми­ни­сте­рот Ша­лом. По­тоа и не­го­ви­от ка­би­нет. Но не ја на­у­чи лек­ци­ја­та. Са­мо еден ме­сец по­тоа – из­ла­жа и во Љуб­ља­на, т.е. та­му ја ка­жа ви­сти­на­та за тоа за што со ме­се­ци ла­же­ше во Ма­ке­до­ни­ја. Си приз­на де­ка Ди­во На­се­ље е те­ро­ри­стич­ки на­пад и го спо­ре­ди со Па­риз. Да, во Скоп­је се де­ман­ти­ра­ше, пак. Ама ло­шо…

На ла­га­та ѝ се ку­си но­зе­те, а на ли­де­рот реј­тин­гот. Мо­мент­на­та кон­сте­ла­ци­ја на по­ли­тич­ка­та сце­на, пак, ве­ли де­ка се­ри­оз­но от­чу­ку­ва и ча­сов­ни­кот на не­го­ви­те де­но­ви на тро­нот на СДСМ. Тик-так, тик-так – оно­ма­то­пе­ја­та што тол­ку рев­нос­но ја упо­тре­бу­ва­ше на ФБ за нај­а­ва на „бом­би­те“, кои му де­то­ни­раа в скут, се­га ста­ну­ва звук што ги од­бро­ју­ва ми­го­ви­те на не­го­во­то вла­де­е­ње во пар­ти­ја­та. До­а­ѓа­ат из­бо­ри, а ре­зул­та­ти­те се гле­да­ат од ави­он. Пре­жи­ву­ва­ње­то, пак, по ва­ква бе­скру­пу­лоз­но-без­и­деј­на по­ли­тич­ка вој­на све­де­на на нај­ни­ско ни­во, во ко­ја вр­ху­шка­та на СДСМ за­ло­жи сѐ, ли­чи на уто­пи­ја.

 

Sotir-Kostov-200Ко­стов: СДСМ ја „уби“ по­ли­тич­ка­та ети­ка во Ма­ке­до­ни­ја

Сло­бод­но, без во­оп­што да се дво­у­ми­ме, мо­же­ме да кон­ста­ти­ра­ме де­ка 2015 го­ди­на за Ма­ке­до­ни­ја е го­ди­на на ат­мо­сфе­ра ка­ко ви „Али­са во зем­ја­та на чу­да­та’’, ве­ли ко­лум­ни­стот и истра­жи­тел Со­тир Ко­стов, кој е и автор на де­ло­то „Ла­ги­те во по­ли­ти­ка­та“, из­да­де­но во 2006. го­ди­на, ка­ко и на не­кол­ку дру­ги со слич­на те­ма­ти­ка.

КОСТОВ: 2015 го­ди­на е го­ди­на, во ко­ја, ме­та­фо­рич­но ка­жа­но, Зо­ран За­ев и опо­зи­ци­ска­та СДСМ, из­вр­ши­ја не­кол­ку по­ли­тич­ки ди­вер­зии:

– пре­ку пре­те­ра­на го­вор­ли­вост и без­о­браз­ност, на­па­ѓај­ќи ги ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА (за­јад­ли­во, гру­бо, злоб­но и бе­скру­пу­лоз­но) по­ли­ти­ка­та ја све­доа на по­ли­ти­кант­ство во кое ца­ру­ва­ат ма­ни­пу­ла­ци­и­те, ме­стен­ки­те и из­мис­ли­ци­те, пре­ку кои ја из­вр­ту­ваа ви­сти­на­та и ја пре­тво­ри­ја во по­лу­ви­сти­на и во не­ви­сти­на. Тоа по­ли­ти­кант­ство е гро­теск­на сли­ка на им­про­ви­за­ци­ја на по­ли­ти­ка­та;

– со без­број ла­ги, соз­да­де­ни ка­ко на до­ма­шен те­рен, та­ка и во странс­тво, ја мар­ги­на­ли­зи­раа ви­сти­на­та, т.е. ја из­бр­каа од јав­на­та по­ли­ти­ка;

– со ети­ке­ти­ра­ње, ома­ло­ва­жу­ва­ње, пот­це­ну­ва­ње, од ед­на стра­на, и ана­те­ми­су­ва­ње, бе­ле­же­ње и жи­го­су­ва­ње, од дру­га стра­на, без ни­ка­ква ос­но­ва и по­тре­ба, го из­бр­каа мо­рал­но­то од­не­су­ва­ње од по­ли­ти­ка­та;

– со гру­би на­вре­ди и нај­дол­ни по­ни­жу­ва­ња, ста­вот, ди­ја­ло­гот, де­ба­та­та и то­ле­ран­ци­ја­та и по­ли­тич­ки­от го­вор ги све­доа на здо­дев­на др­дор­ли­вост и на де­гу­тант­на та­фто­ло­ги­ја.

Пре­ку ва­кво­то де­стру­ктив­но дејс­тву­ва­ње, ма­ке­дон­ски­от зо­он по­ли­ти­кон, оли­це­тво­рен во Зо­ран За­ев и оте­ло­тво­рен во СДСМ и во не­го­ви­те јав­ни ме­ди­ум­ски под­др­жу­ва­чи и тај­ни фи­нан­си­е­ри (СОРОС, УСАИД), во по­ли­ти­ка­та зав­ла­де­а­ја из­ма­ми­те и ла­ги­те. Тие си­те, во не­ми­ло­срд­ни­от по­ли­тич­ки ринг, ја уни­шти­ја чи­ста­та ре­то­ри­ка и ја „уби­ја’’ по­ли­тич­ка­та ети­ка. Во јав­ни­от и по­ли­тич­ки го­вор, пр­во ја про­мо­ви­раа, а по­тоа и ја ина­у­гу­ри­раа по­ли­тич­ка­та ери­сти­ка, т.е. ери­стич­ка­та ди­ја­ле­кти­ка, ка­ко ре­то­рич­ка ве­шти­на за на­те­га­ње, рас­пра­ви­ја, ка­ра­ни­ца и жел­ба­та се­ко­гаш да се би­де во пра­во, без раз­ли­ка да­ли се збо­ру­ва ви­сти­на­та или не. И се­га пра­ша­ње­то од ка­де до­а­ѓа­ат овој по­рив и оваа жел­ба? Нај­ди­рект­но од ин­те­ле­кту­ал­на­та нес­по­соб­ност, да се во­ди чес­на мо­рал­на по­ли­ти­ка, но и од мо­рал­на­та рас­и­па­ност, во смис­ла со ла­ги и со из­ма­ми да се истис­не ви­сти­на­та од по­ли­ти­ка­та. Ток­му та­кви се на­ши­те автен­тич­ни ери­сти­ча­ри Зо­ран За­ев, Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска, Пе­тар Ши­ле­гов и Сте­во Пен­да­ров­ски, ка­ко прет­став­ни­ци на СДСМ, по­ли­тич­ки суб­јект, кој на итар на­чин, без из­бо­ри и вол­ја­та на из­би­ра­чи­те, са­ка да ја освои вла­ста. Мно­гу слич­ни на нив се и нив­ни­те фи­нан­си­е­ри и ме­ди­ум­ски под­др­жу­ва­чи, ка­ко Вла­де Мил­чин, Бран­ко Ге­ро­ски, Бран­ко Трич­ков­ски, Ни­ко­ла Ге­лев­ски, Мир­ја­на Нај­чев­ска, Ми­рос­лав Гр­чев, Са­шо Ор­да­нов­ски, Љу­бо­мир Да­на­и­лов Фрч­ко­ски, Сто­јан Ан­дов и уште не­кол­ку слич­ни на нив. За си­те нив ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА не се по­ли­тич­ки про­тив­ни­ци што тре­ба да се по­бе­дат, ту­ку се не­при­ја­те­ли, кои тре­ба да се со­трат и ели­ми­ни­ра­ат. Ту­ка не за­ста­ну­ва­ат, ту­ку на нај­бе­скру­пу­ло­зен и груб на­чин, нај­го­ле­ми­от број гра­ѓа­ни на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, кои не гла­са­ат за нив и за нив­ни­те кан­ди­да­ти на пос­лед­ни­те де­вет-де­сет из­бор­ни цик­лу­си, без раз­ли­ка да­ли се ра­бо­ти за ло­кал­ни, пар­ла­мен­тар­ни или пре­тсе­да­тел­ски из­бо­ри, ги на­ре­ку­ва­ат глу­па­ви, це­па­ни­ци не­дел­ка­ни, ов­ци и сто­ка во ка­фе­зи. Та­ка, са­ми­те, ја по­ка­жу­ва­ат се­та сво­ја кул­тур­на бе­да, мо­рал­на еро­ди­ра­ност и чо­веч­ка зло­ба.

Пре­ку се­то срам­но од­не­су­ва­ње што овие суб­је­кти ни го при­ре­ди­ја го­ди­на­ва, без раз­ли­ка да­ли се ра­бо­ти за по­ли­тич­ко раз­мис­лу­ва­ње, збо­ру­ва­ње и кон­крет­но по­ста­пу­ва­ње на За­ев и на СДСМ, или, пак, за ме­га­ко­лум­ни, ин­терв­јуа рас­тег­на­ти ка­ко ла­стик и срам­ни кни­ги во кои има не­ви­сти­ни и ла­ги, на прет­ход­но на­ве­де­ни­те пр­ви пер­а, т.е. ме­ди­ум­ски ту­па­ни­ци на За­ев и на СДСМ, пр­во ви­дов­ме, а по­тоа и се уве­рив­ме де­ка ери­сти­ка­та што ја при­ме­ну­ва­ат е ду­хо­ви­та и смеш­на, но не и прем­но­гу ду­шев­на дис­цип­ли­на. За­тоа, пак, е це­лос­но срам­на и без­о­браз­на до крај­ни гра­ни­ци. Во неа не­ма ни мал­ку чест (обра­зи­те им се за­ме­не­ти со ѓо­но­ви), а за со­вест и да не збо­ру­ва­ме, таа за нив е не­поз­на­та.
Ре­чи­си се­ко­гаш во сво­и­те јав­ни на­ста­пи, пре­ку пи­шан збор, иска­жан го­вор или спро­ве­де­но дејс­тво, са­кај­ќи да по­ен­ти­ра­ат и да го по­бе­дат по­ли­тич­ки­от про­тив­ник, ре­дов­но пра­веа без­на­деж­но сал­то мор­та­ле или очај­нич­ки ко­пер­ни­кан­ски пре­свр­ти, кои нај­че­сто се све­ду­ваа на, за нив, по­губ­но сал­то мо­ра­ле. Тоа им се слу­чу­ва­ше би­деј­ќи се­ко­гаш ги иг­но­ри­ра­ат ар­гу­мен­ти­те, фа­кти­те и до­ка­зи­те, ка­ко да се алер­гич­ни на нив. Но, за­тоа им се до­бро поз­на­ти нај­раз­лич­ни­те гру­бо­сти, на­вре­ди, пре­ку кои до­а­ѓа­ат до израз нив­на­та лу­цид­ност, по­точ­но итри­на­та и прес­мет­ли­во­ста во нај­не­га­ти­вен кон­текст. Ме­сто да дејс­тву­ва­ат со фа­кти­те врз ин­те­ле­ктот, тие пре­ку стра­сти­те и на­го­ни­те ги упо­тре­бу­ва­ат мо­ти­ви­те про­тив вол­ја­та на про­тив­ни­ци­те.
И се­га, на кра­јот од го­ди­на­та, со упо­тре­ба на ме­та­фо­ра­та, да ги до­де­лам по­ли­тич­ки­те ма­лин­ки за си­те овие по­ли­тич­ки га­до­сти и жи­вот­ни под­ло­сти. За ла­ги од го­лем по­ли­тич­ки рас­че­кор ме­ѓу по­ли­тич­ки­от го­вор (изре­че­но­то) и по­ли­тич­ко­то дејс­тву­ва­ње (на­пра­ве­но спро­тив­но од ка­жа­но­то, ве­те­но­то, или не­точ­но прет­ста­ву­ва­ње на ре­ал­на­та фа­ктич­ка со­стој­ба) Зо­ран За­ев и Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска ги прог­ла­су­вам за па­то­ло­шки по­ли­тич­ки лаж­гов­ци, ка­ко амо­рал­ни по­ли­ти­ча­ри пар ексе­ланс. Нив­ни­от ма­стер­пис е мно­гу­бро­ен и не­по­втор­лив (за ми­тинг пред вла­да­та на кој има­ше најм­но­гу 20 ил­ја­ди лу­ѓе, тие на сет глас и до де­нес по­вто­ру­ва­ат де­ка има­ло 100.000 лу­ѓе; За­ев ве­ли де­ка ќе ја­де жи­ви лу­ѓе, па по­тоа го не­ги­ра тоа; што­ту­ку ќе из­ја­ви де­ка тре­ба да се сви­тка ’рбе­тот и да се про­ме­ни име­то, вед­наш по­тоа ка­жу­ва де­ка не бил до­бро сфа­тен; во Ма­ке­до­ни­ја ку­ма­нов­ски­от те­ро­ри­зам за не­го е од вла­да­та, а во Сло­ве­ни­ја, исти­от тој те­ро­ри­зам, е де­ло на ме­ѓу­на­род­ни те­ро­ри­сти што ја на­пад­на­ле Ма­ке­до­ни­ја; Изра­ел­ска­та дип­ло­мат­ска аван­ту­ра е крај­но срам­на за еден по­ли­ти­чар, кој ни­ко­гаш не­ма да би­де др­жав­ник; ла­ги­те на Ше­ке­рин­ска за ви­со­ки­те на­ем­ни­ни од фи­ктив­но из­да­де­ни­те ста­но­ви, за чан­ти­те од Ша­нел, за ле­ту­ва­ње­то на јах­ти во Гр­ци­ја и мно­гу дру­ги). За си­те дру­ги што ги спо­ме­нав, во за­вис­ност, ко­га ко­ја вал­ка­на ра­бо­та ја одра­бо­ту­ва­ле и ко­ри­сте­ле нуж­ни, кле­вет­нич­ки или про­па­ганд­ни ла­ги, ги прог­ла­су­вам за до­бит­ни­ци на ти­ту­ли­те праг­ма­тич­ни и ро­ман­тич­ни по­ли­тич­ки лаж­гов­ци во по­ли­ти­ка­та. Кој од нив е со­вре­мен Мин­ха­у­зен (по­втор­но наг­ла­су­вам во по­ли­ти­ка­та), а кој по­ли­тич­ки Дон Жу­ан, по­кон­крет­но во не­ко­ја дру­га при­го­да.

 

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 174. број на неделникот „Република“, 1.01.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top