Белгиските власти соопштија дека успеале да разбијат досега најголема позната мрежа за илегален транспорт на имигранти во и од земјата, јави БТА.
Во соопштението се посочува дека дневно преку оваа мрежа од Белгија во Велика Британија биле пренесувани по 20тина имигранти, кои за „услугата“ плаќале по 2.000 евра.
Откриените организатори на мрежата биле Курди и Ирачини, кои успеале да британскиот брег да пренесат околу 3.000 илегални имигранти. Во акцијата досега се приведени 10 лица, кои се обвинети за учество во криминална организација.
На оваа акција во Белгија, му претходеше апсењето на две лица во Белика Британија минатата недела, кои се смеаат за водачи на мрежата. Белгиските власти очекуваат нивно предавање на Белгија во „најбрзо можно време“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бегилските „жолти елеци“ со листа на барања кои ќе ги презентираат на протестот во сабота
-
Во Белгија нема повеќе место за нови баратели на азил
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)