| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка на нива – една жена заврши во болница

sekira krv

Во жестока тепачка вчера на нива кај реката Луда Мара во Градско, една жена завршила на хирургија, пренесе „Дневник“.

Се работи за 57-годишната  Т.Ј. која самата ја почнала физичката пресметка.

– Според првичните сознанија на полицијата, во тепачката учествувале од една страна жената, која наводно прва ја почнала кавгата поради штета на нивата со пченица заканувајќи се со секира, и соседите на нивата, таткото Ј.Р роден 1959 година и синот Е.Р 1988 година, од друга страна. Истрагата сѐ уште трае, а учесниците во тепачката ќе заработат соодветни пријави, рекоа од СВР Велес за „Дневник“.

– Има контузија на главата, огреботини на лицето и потрес на мозокот. Стабилна е и контактибилна. Во моментов е на опсервација и засега е надвор од животна опаснот – изјави началникот на Одделението за хирургија, Дано Кулев, за „Дневник“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top