| четврток, 6 декември 2018 |

Авион на „Кроација ерлајнс“ принудно приземјен во Минхен

kroacija erlajns

Авион на „Кроација ерлајнс“ принудно слетал во Минхен поради технички проблеми. Од компанијата соопштиле дека инструментите во авионот, кој вчера попладне летал на релација Загреб-Брисел, покажале дека некаде се појавил технички проблем. Со оглед на тоа дека во моментот кога се вклучило предупредувањето најблискиот аеродром бил во Минхен, пилотите решиле, согласно со безбедносните процедури, да го спуштат авионот во Германија.

Авионот бил предаден на овластениот сервисер кој треба детално да го прегледа и да го утврди дефектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top