| четврток, 6 декември 2018 |

Се отвара првиот Руски културен центар во Република Македонија!

Утре, понеделник 11.1.2016 година, во 11 часот ќе биде отворен првиот Руски центар во Република Македонија.

Основач на Рускиот центар е универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Центарот се формира на иницијатива на амбасадата на Руската Федерација во соработка со непрофитниот субјект „Фондација Руски мир“, основана од претседателот на Руската Федерација на 21 јуни 2007 година и регистрирана во Руската Федерација.

На 26.12.2013 година на 15 седница на Универзитетскиот сенат донесена е одлука за основање на Руски центар како внатрешна организациона единица на универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје во центарот за јазици и обука, со можност да прерасне во организација со статус на посебно правно лице.

Рускиот центар е сместен во деловните простории на универзитетот „Св.Кирил и Методиј’’ на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов’’ бр.28, локал 27, трети кат. Центарот поседува богата библиотека со читална, галерија, две училници за изучување руски јазик, како и аудиовизуелен кабинет. Опремен е со најсовремена техника и им стои на располагање на сите заинтересирани секој работен ден од 10 до 15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top