| четврток, 6 декември 2018 |

Лукаку експресно го одби Манчестер јунајтед, сака да ја напушти премиерлигата

lukaku

Белгискиот репрезентативец во редовите на Евертон Ромелу Лукаку сака да го напушти Евертон и да се пресели во тимовите кои претендираат за највисок пласман во Европа, но не сака тоа да биде екипа од премиерлигата.

Според пишувањата на англиските медиуми, Манчестер јунајтед во Белгиецот гледа иделно засилување во нападот, но наводно тој веднаш ја одбил оваа опција, бидејќи сака да направи трансфер надвор од Англија.

Реал Мадрид и ПСЖ како едни од финансиски најсилните европски клубови се главни фаворити за потписот на Лукаку, кој сезонава игра во фантастична форма. Неговата цена на фудбалскиот пазар изнесува 50 милиони фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top