| четврток, 6 декември 2018 |

Хонда пред трансфер во Валенсија

Kiesuke-Honda-640x380

Јапонскиот интернационалец Кеисуке Хонда е на излезна врата од „Сан Сиро“, а во иднина би можел да го носи дресот на Валенсија. Шпанскиот прволигаш се обидува да го засили својот тим за вториот дел од сезоната во Примера, а тренерот Гери Невил го одобри трансферот на Хонда.

Раководството на Валенсија е подготвено да плати 5 милиони евра отштета, а Хонда веќе на почетокот на идната седмица би можел да го облече дресот на „лилјаците“. Тој не ужива голема доберба кај тренерот на Милан, Синиша Михајловиќ, и сака да си замине од клубот за да има поголема минутажа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top