Судирот помеѓу Русија и Турција и случувањата на Блискиот Исток неизбежно ќе предизвика потрес на туристичкиот пазар, но во македонските туристички агенции не очекуваат драстични промени во цените на аранжманите за грчките и турските летувалишта во споредба со лани, пишува „Дневник“.
Оттаму велат дека договорите за оваа сезона веќе се склучени, а за одредени дестинации цените се благо зголемени, но тоа се должи на други фактори, а не како последица на целосното откажување на руските тур-оператори од турските летувалишта кои традиционално секоја година ги посетуваа во милионски број.
Нашите туристички работници укажуваат дека профилот на руските туристи е сосема поинаков од македонските, односно дека тие повеќе се свртени кон сместување во хотели со пет ѕвездички со ол инклузив-понуда. Поради тоа, не се очекува раст на цените за апартмантското сместување во Грција, кое е најбарано од македонските туристи.
– Не очекуваме поскапување на цените на пакет-аранжманите. Може да се зголемат цените на хотелското сместување, посебно на хотелите со пет и четири ѕвездички. Руските туристи се специфични, тие бараат летување во ол инклузив-хотели од висока категорија и во овој сегмент може да има раст на цената за сместување. И ние имаме клиенти за овој тип одмор, но повеќето од нашите туристи бараат сместување во апартмани и студија. Тука, иако е рано, не се очекуваат големи промени во цените – вели Горан Јошевски од агенцијата „ЈK травел“ од Битола.
Прочитајте повеќе на „Дневник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција