Претседателката на Косово, Атифете Јахјага остро ги осуди денеска насилствата на протестите на опозицијата во Приштина и побара полицијата да ги идентификува и изведе пред суд лицата или групите одговорни за нередите.
– Денешното палење на државните институции е апсолутно недопустливо- наведува во соопштение Јахјага. Таа ја осуди и „ескалацијата на ситуацијата“ и користењето средства што предизвикале опасност за животи на граѓани и силите за безбедност кои имале задача да ги штитат државните институции. Јахјага ги повика демонстрантите на мир, а организаторите на протестите да асе дистанцираат од насилствата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.