Иван Петровски, долгогодишен вработен во „Фершпед“, е новиот претседател на Управниот одбор на компанијата. Петровски доаѓа на првата позиција на компанијата откако на крајот на март неа ја напушти Штерјо Наков.
Во информацијата на „Фершпед“ објавена на веб-сајтот на Македонска берза стои дека, покрај Петровски во Управниот одбор, акционерите ги избрале и Драган Наков, еден од синовите на поранешниот директор, потоа Зоран Арнаутов, Цаца Зикова, Зоран Тодоровски и Александар Илијевски.
Новиот директор Иван Петровски поседува 0,11 проценти од компанијата, Драган Наков е сопственик на 11,83 проценти од капиталот, Зоран Арнаутов има 0,02 проценти сопствеништво во „Фершпед“, Зикова 0,16 проценти, а Тодоровски 0,98 проценти.
На крајот на март „Фершпед“ објави дека по 20 години на менаџерските позиции, Штерјо Наков и неговата долгогодишна соработничка Кираца Трајковска ќе бидат членови на Надзорниот одбор на компанијата. Новиот состав на овој одбор веќе е избран, а, освен нив, во надзорниот членуваат и Виолета Татабитовска и Невенка Ристовска. Членови на Надзорниот одбор се и Леонид Наков и Стојан Настоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.