Во западна Австралија беснеат пожари, а бројот на куќи што се проголтани од огнената стихија се накачи на 121, додека три лица се водат за исчезнати, јави Танјуг.
Пожар го зафати Јарлоп, 110 километри јужно од Перт, а стотици пожарникари и натаму се борат да ги изгаснат огнот.
-Ситуацијата е многу предизвикувачка за нас, изјави претставникот на пожарникарската и итна служба Вејн Грегсон.
Според премиерот на Западна Австралија, Колин Барнет, ситуацијата е означена како природна катастрофа, што на граѓаните им овозможува да добијат повеќе финансиски средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.