Нема да ги убиеме Слободан Милошевиќ и Садам Хусеин, Џорџ Буш помладиот е политички „лажго“, додека Владимир Путин е „огромен потенцијал и многу паметен и промислен“. ова му го рекол Бил Клинтон на Тони Блер во разговорите кои ги воделе како шефови на Белата куќа и Даунинг стрит од 1997 до 2000 година.
Клинтоновата претседателска библиотека на барање на БибиСи ги објавила транскриптите на телефонските разговори кои почнале со доаѓањето на Блер на чело на британската влада и завршуваат со последната година на Клинтон во Вашингтон.
Тоа е период на блиска соработка на двете држави меѓу другото и за бомбардирање на Србија, пишува белградска „Политика“. Делови од транскриптите покажуваат дека американскиот претседател ја исклучил можноста за копнена инвазија на Косово за да не ги загрози односите со Москва, која имала заштитнички однос со Белград.
-Во случај да испратиме војска, што поѓаволите ќе правиме со Русија, ако тоа создаде нарушување на нашите односи?
Претседателот на САД во 1998 година, кога Американците ја притискаа српската влада во врска со Косово, му предочил на британскиот премиер дека би можеле да му ветат на српскиот претседател Милошевиќ дека „нема да го убијат, бомбардираат или да го протераат од Србија“, но не можат да му гарантираат дека нема да биде обвинет за воени злосторства. Една година потоа, НАТО ја целеше куќата во која што живееше Милошевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Моника Левински открила сочни детали за сексот со Бил Клинтон: Ми делеше комплименти но кога отидовме во бањата…
-
Најпознатата љубовница открила како го завела претседателот: Му ги покажав гаќичките
-
Путин и Трамп ќе разговараат во движење
-
Седна на местото на Путин, а тој спонтано повлече шмекерски потег!(видео)