Св. архиѓакон и првомаченик Стефан беше евреин, соработник на апостолите.
Еден е од седумте ѓакони на ерусалимската црква. Со него почнува подвигот на мачениците, па во таа смисла и е наречен првомаченик. Пострада од евреите во Синедрионот, откако во долга беседа им докажуваше дека оној Исус кого тие го убија беше навистина Помазаникот што го очекуваат, т.е. Христос.
Расказот за него може да се прочита во новозаветната книга Дела апостолски. Во 415 година, неговите мошти се пронајдени на чудесен начин и сместени во Сионскиот храм во Ерусалим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.