| четврток, 6 декември 2018 |

Фирма од Измир им продавала неисправни прслуци за спасување на бегалциte

turcija prsluciЕдна турска компанија е фатена во обид на бегалците да им продаде неисправни прслуци за спасување, направени од материјал што станува потежок кога ќе се натопи и придонесува за нивно побрзо потонување.

Турската полиција упаднала во работилница во Измир – пристаништен град што често пати е појдовна точка за мигрантите во надеж дека ќе дојдат до Европа – и затекнале работници како прслуците ги полнат со материјали за амбалажа место со соддржина која плута, јави Би-Би-Си.

Полицијата запленила 1.200 прслуци, а меѓу работниците биле и две млади Сиријки.

Сиријците често пати се собираат во Измир барајќи начин да стигнат до брод со кој би биле прошверцувани во Европа. За да заработат пари за брод тие бараат работа, храна и засолниште, каде што ќе најдат.

migrantski pojasiМигрантите сами мора да обезбедат прслук за патувањето по море, а правилно направените прслуци чинат до 150 долари, наведува Би-Би-Си. Лошите прслуци можат да чинат и 15 долари, но тие речиси и да не плутаат.Без разлика на тоа многумина очајни мигранти и натаму ги купуваат.

Овие прслуци често пати се црни и слабо воочиливи на отворено море.

Полицијата во Измир во четвртокот од сириските мигранти заплени околу 300 лоши прслуци кои веќе ги имале купено, наведува турскиот весник „Хуриет“.

Саит Гудероглу, еден од најголемите производители на вакви прслуци во Турција, изјави дека овие лажни прслуци за спасување можат да го загрозат оној кој го носи дури и повеќе отколку воопшто да го нема.

-Таквите прслуци за спасување се направени од материјал за ранци и исполнети се со сунѓер, а бидејќи сунѓерот апсорбира вода, прслуците луѓето ги влечат надолу и можат да предизвикаат нивно давење, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top